Македонија
Home
Македонија
Видео
Фото
Блог
Коментари
таа чудесна природа на македонија
ОХРИДСКО ЕЗЕРО
Kога се набљудува Охридското Езеро, во кое било годишно време, осветлено од сонцето, се добива впечаток дека тоа тукушто се родило, а неговите милиони години, колку што е старо, како да не постојат. Во неговите сини води постои растително и животинско царство за коешто денес единствено се знае од фосилите. Настанало во дамнешните геолошки епохи со тектонско поместување на почвата. Денес, во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро...
ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
Преспанското Езеро е на исток од Охридското, помеѓу планините Галичица на запад и Пелистер на исток, на надморска височина од 853 m. Езерото кое има вкупна површина од 275 км кв. го делат 3 држави: Македонија (177 км кв.), Албанија (50 км кв.) и Грција (48 км кв.). За разлика од Охридското Езеро кое е со елипсест облик, Преспанското Езеро има неправилна форма и е издолжено во правец север-југ од 29 км, а широчината му достигнува 17 км.
ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО
Дојранското езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. На север басенот на езерото е заграден со Беласица и Боска Планина. Дојранското езеро зафаќа површина од 43,1км2 од кои 27,3км2 и припаѓаат на Македонија, а 15,8км2 на Грција. Тоа е најмало од котлинските езера во Македонија со максимална длабочина од 10 метри. Дојранското езеро е најтопло езеро. Високите температури на воздухот и на водата се условени од близината на Егејското Море.
НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР
Првиот македонски национален парк - Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Националниот парк Пелистер беше прогласен со закон донесенод страна на Президиумот на Народна Република Македонија на 30 ноември 1948година. Во месец декемви 2007 година со посебен закон, Планината Баба со врвот Пелистер повторно е прогласенза национален парк - заштитено природно добро во Република Македонија.
Галишката Пештера - Тиквешко езеро
Можете да дојдете на три метри од пештерата, а да не забележите дека под вас се наоѓа еден од најубавите природни феномени во Македонија - Галишката Пештера. Толку е скриен и непрооден влезот, што ни на крај памет нема да ви е дека под вашите нозе, дванаесет метри под земја, има огромна пештера стара околу пет милиони години.
За да стигнете до таму, потребно е со чамец да пловите три часа по Тиквешкото Езеро, речиси до самиот крај, а потоа 2,5 часа да пешачите по стрмна карпеста козја патека. Ваквото патување може да биде благодат само во лето, кога денот е долг, а времето топло.