Галишка Пештера - Тиквешко езеро
Можете да дојдете на три метри од пештерата, а да не забележите дека под вас се наоѓа еден од најубавите природни феномени во Македонија - Галишката Пештера. Толку е скриен и непрооден влезот, што ни на крај памет нема да ви е дека под вашите нозе, дванаесет метри под земја, има огромна пештера стара околу пет милиони години.
За да стигнете до таму, потребно е со чамец да пловите три часа по Тиквешкото Езеро, речиси до самиот крај, а потоа 2,5 часа да пешачите по стрмна карпеста козја патека. Ваквото патување може да биде благодат само во лето, кога денот е долг, а времето топло.
Кон пештерата води еден вертикален тунел со должина од 12 метри и широчина од 2,5 квадрати. До долу може да се симне само со скала, а за секој случај, задолжително Ви препорачуваме да се врзете и со јаже. Кога ќе се симнете на дното од дупката, цели четири метри ќе лазите на стомак, не може да се заврти, ниту глава да дигне. Но се се заборава кога ќе влезете внатре.
Задолжително е со себе да си носите карабитна ламба и шлем на главата. Температурата е константна преку целата година, од 8 до 15 степени. Нормално се дише, иако се чувствува влага во воздухот.
Здивот секому ќе му застане кога ќе се осветли внатрешноста на пештерата. Голема колку едно фудбалско игралиште, целата е накитена со сталактити, сталагмити, лепези, хелиотипи, столбови и какви ли уште не пештерски украси.
Пештерата е една од најубавите во Македонија и пошироко. Тешко се опишува чувството кога човек ќе влезе внатре. Преубава е. Таа е активна и се уште создава украси. Тие се прават многу бавно. Ако условите се идеални, што подразбира да има вода што тече, тогаш се прават од еден до два милиметра годишно. Проценето е дека Галишката Пештера е стара околу пет милиони години. Украсите создаваат звук, особено таканаречените лепези. Во Галишката Пештера има украси крстени "невеста", "Мона Лиза"... На самиот влез во пештерата се наоѓа најголемиот столб, долг четири метри. По него има езеро со површина од 25 квадрати и длабоко половина метар. Водата е кристално чиста, ладна ем вкусна.