Македонија
  • Home
  • Македонија
  • Видео
  • Фото
  • Блог
  • Коментари

таа  чудесна  природа  на  македонија

Picture
Шар Планина - Попова Шапка
Сместена во северозападниот дел на Македонија, оваа планина гледано од рамнината има изглед на питома, лесно браносана планина со средна висина. Но кога ќе почнете да се искачувате станувате свесни за нејзината грамадност. Најсилно се доживува од југоисточната страна, каде што, над тетовската котлина, планината се издигнува до релативна височина од 2.125 метри. 

Picture
Крушево - Највисокиот град на Балканот
Во пазувите на Бушева планина, заобиколен со густа шума, на надморска височина од 1250 метри, се наоѓа еден од најстарите и најубавите градови во Македонија, Крушево. За градската историја и култура и денес сведочат типичната архитектура на градот, градбата на старите куќи, носиите и културното наследство. Се верува дека градот датира од далечниот XV век, со првите влашки доселеници од Москополе.

Picture
Кањон Матка
Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, кое било создадено со преградување на реката Треска со брана и создавање на вештачка акумулација, која била изградена во 1938 година. Матка е препознатлива по пештерата Врело една од петте најдлабоките подводни пештери во светот. Подводната пештера Врело е лоцирана во кањонот Матка од десната страна на реката Треска. 



Picture
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
Flag Counter