дојранско езеро
Dojran from Explore Macedonia on Vimeo.
Дојранското Езеро е најмало од тектонските езера, со површина од само 43 км кв., од што на Македонија и припаѓаат 2/3, а на Грција 1/3. Тоа е најниско природно езеро во Македонија кое лежи на 148 м н.в. Има елипсеста-речиси кружна форма со пречник од околу 8 км и е доста плитко бидејќи најголемата длабочина му изнесува само 10 м. Поради положбата и малата длабочина, Дојранското Езеро преку лето е многу топло, но преку зима понекогаш делумно замрзнува. Богато е со жив свет, особено со риби, а покрај брегот има широк појас од трска. Водата во летниот период се смета за лековита, бидејќи се јавува редок феномен на цутење на алгите.Поради високата продукција на планктон, Дојранското Езеро изобилува со рибна биомаса и видови сo најголема продукција на свежа вода во Европа. Рибната фауна во Дојранското Езеро е претставена со 15 видови, од кои еден е ендемски. Покрај западниот брег на Дојранското Езеро, се наоѓаат двете рибарски населби Стар и Нов Дојран, кои денес сe прелеваат во една урбанистичка целина.
Постојат повеќе варијанти на романтични легенди за настанувањето на ова езеро. Првата вели дека на просторот каде денес се наоѓа езерото, во старите времиња, постоел бунар од кој луѓето од околните населби полнеле вода. Откако ќе наполнеле вода, тие го затворале бунарот со девет катанци. Еден ден по вода заминала најубавата млада девојка од тој крај, девојката по име Дојрана. Покрај бунарот ја чекало момчето кое таа го љубела. Наполнила вода, но занесена од милувањето на момчето, заборавила да го затвори деветиот катанец. Од бунарот почнала да тече вода која ја преплавила целата котлина.
Една друга легенда раскажува за турскиот паша кој се вљубил во прекрасната девојка Дојрана и им наредил на своите војници да ја доведат во неговиот шатор. Но, девојката се спротивставила на наредбата на пашата и, за да не биде со сила одведена, се фрлила во големиот извор, кој го профатил нејзиното невино тело, и за да го заштити од сквернавење, тој се излил и ја покрил целата долина. Така создал езеро, кое било исто убаво, како и убавата девојка Дојрана.