винарија фонко - село курија, неготино
Винаријата FONKO WINES е приватен винарски подрум со капацитет од 300.000 литри и се наоѓа на врвот на Лепово брдо. Положбата на винаријата омозможува брз транспорт на грозјето од лозјето до визбата, така што набраното грозје, кое се бере исклучиво во мали гајби, што побрзо да дојде до подрумот и биде преработено. Винаријата FONKO WINES е опремена со најсовремена технологија за преработка на грозје и производство на вино. Резервоарите за ферментација на вино (ферментатори) се со мал капацитет од 5.000
и 10.000 литри, што овозможува преработка на мали количини грозје, но со одбран квалитет. Сите садови се изработени од челик што не рѓосува и се со капацитет од 2.000 до 10.000 литри. Целокупниот процес, контролата на температурата на ферментација и одржувањето на температурата на виното и на амбиентот во самата винарија е под систем на ладење, кој компјутерски се регулира. FONKO WINES е една од ретките мали винарии која има своја опремена лобораторија за контрола на квалитетот. Тука се прати квалитетот на виното, преку испитување на одредени праметри, како што се алкохол, шеќер, вкупни и испарливи киселини, слободен и вкупен СО2, рН на виното, присуство на јаболчна и млечна киселина и сл., што овозможува целосна контрола на квалитетот во секоја фаза од прозиводството и негата на виното.