Куклици – скаменетите свадбари
Кратковски скаменти свадбари се едно од најголемите чуда во нашата мала држава, спој на легендите и верувањата со моќта на природата.Геолошкиот локалитет „Весела свадба“, сместен во атерот на селото Куклици е место кое фасцинира со својата необична убавина, а трогнува со приказната која од колено на колено се раскажува низ македонскиот народ. За ова уникатно место постои легенда која вели дека камените кукли некогаш биле живи луѓе, но се скамениле откако се исполнила клетвата на една девојка со скршено срце. Се раскажува дека девојка од блиското село била заљубена во момче кое требало да се ожени за друга. Не можејќи да ја издржи болката, таа ги проколнала во моментот кога ќе се бакнат, сите што се на свадбата да се скаменат. Тоа и се случило. Според легендата додека лицата на младоженците се во бакнеж, лицата на сватовите се насмеани.Па, оттаму, местото е познато и како „Веселата свадба“.
Но, ова не е единствената легенда за ова место. Друга легенда, пак, вели дека камените кукли настанале исто така од клетва на една несреќна девојка. Едно момче од селото закажало венчавка со две девојки во ист ден. Според старите свадбарски обичаи, ако две невести се виделе на денот на венчавката тоа било знак за несреќа. Кога една од девојките слушнала музика истрчала од својата куќа да види кој прави свадба во ист ден со нејзината. Кога го видела своето момче со друга невеста таа ги проколнала сите присутни да се скаменат.
Според други кажувања, денешните камења во близината на Куклица некогаш биле дрва кои биле изгорени за време на некоја војна која се водела во овие краишта. Откако дрвата биле изгорени, целата област се претворила во пустина. При едно ноќно минување на војската низ пустината, заради ниските температури војниците се скамениле и се претвориле во камења.
Настрана од народните суеверија и обичаи, научните истражувања покажале дека камените кукли се всушност вулкански карпи, создадени од вулканска ерозија. Необичната форма на камењата, која потсетува на човечки фигури е резултат на минералите. И самото гратче Кратово, во чија близина се наоѓа селото Куклица лежи врз згаснат вулкан.
Според кажувањата на локалните жители на секои пет-шест години се појавува нова фигура во долината. Некои истражувачи велат дека нивната старост е од 15 до 20 милиони години. Се смета дека овие карпи со живописни форми се геолошка појава изградена од вулкански пепел што подоцна се зацврстила со природни цементи како што се железната руда и силикатите. Релјефите на куклите настанале под влијанието на силната ерозија. Научниците сметаат дека овој простор некогаш бил под морска вода, бидејќи доколку се изгребе од камената маса ќе се види дека таа има солен вкус.

Локалитетот Куклици според своите карактеристики честопати се споредува со италијанското градче Помпеја. Според научниците, карпите во Куклици се настанати од вулканска маса во периодот помеѓу еоценот и плиоценот. И покрај објаснувањата од експертите, народот се уште верува дека ова место е проколнато и дека тука им умираат козите.