винарија попова кула
Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија.
Уште од дамнешни времиња овој регион го краселе бројни лозови насади распослани по околните ритчиња. Древните жители на овој регион уште пред пред многу, многу векови ја започнале традицијата за правење на квалитетно сортно вино.
Од раните почетоци на производство на вино до денес, Демир Капија, низ турбулентните историски периоди, има претрпено многу промени. Водени од исконскиот порив да ја зачуваме традицијата и историскте вредности, на оваа територија ја изградивме винарската визба која ја краси импозантна кула висока 17 метри. Винарска визба, со кулата како составен дел, ја именувавме Попова Кула според истоимениот историски објект што некогаш служел како важна набљудивачница на патот Скопје - Солун.- раскажува сопственикот на винарската визба. Поповата Кула, заедно со Беговата Кула претставувале најмаркантните зданија во тој период, но за жал подоцна биле целосно уништени.
Со изградбата на визбата Попова Кула, која може да се види од кое било место во Демиркаписката долина, се оплеменува целиот регион и се воскреснува духот на историските времиња.

Во Попова Кула се произведува вино од 11 различни сорти грозје:
- Станушина
- Вранец
- Прокупец
- Кабернет Совињон
- Мерлот
- Совињон Бланк
- Темјаника
- Шардоне
- Жилавка
- Мускат Отонел
- Мускат Хамбург.
На лозовите насади се одгледува Станушина, Вранец и Кабернет Совињон, а останатите сорти грозје се откупуваат од локалните производители. Грозјето се бере рачно, во мали гајби и веднаш се носи во винарската визба.