охридско езеро
Kога се набљудува Охридското Езеро, во кое било годишно време, осветлено од сонцето, се добива впечаток дека тоа тукушто се родило, а неговите милиони години, колку што е старо, како да не постојат. Во неговите сини води постои растително и животинско царство за коешто денес единствено се знае од фосилите.
Основен услов којшто го овозможил одржувањето на остатоците на прастариот растителен и животниски свет, како и неговата натамошна еволуција, е долгиот континуитет на егзистенцијата на Охридското Езеро. Настанало во дамнешните геолошки епохи со тектонско поместување на почвата. Денес, во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро.
Охридското Езеро и според начинот на својот настанок претставува интересна реткост. Тоа настанало со вертикално пропаѓање на почвата. Релативно мал број езера настанале на ваков начин. Меѓу другите, така настанало и најдлабокото Бајкалско Езеро во Сибир, во Русија, кое е стотина пати поголемо од Охридското Езеро. Водите на двете езера ги населува сличен ендемичен растителен и животински свет.

Охридското Езеро е сместено во котлина која од сите страни е опкружена со планини чии врвови често надминуваат 2000 метри надморска височина. На источната страна се наоѓаат планините Петрино и Галичица. Планината Галичица ја дели Охридската и Преспанската котлина. На јужното крајбрежје на езерото се наоѓаат албанските планини.
Охридското Езеро со право заслужува назив - македонско слатководно море, и тоа не само поради топлата сина боја, која е поинтензивна и од небесното синило, туку и поради големината, бидејќи зафаќа површина од 358 км2. Така, се добива впечаток дека пред нас се наоѓа голем морски залив или пак истргнато парче морска широчина, фрлено меѓу високите планини на надморска височина од 695 метри. А над езерото, на неговиот северен брег како посебен декор се издигнува древниот Охрид, сместен на двоен рид, чија највисока точка - Самуиловата крепост, се наоѓа на околу 800 метри надморска височина. Речиси правилниот елипсовиден облик на езерото овозможува од безброј места, со поглед да се опфати целата негова живописна модросина површина. Од манастирот Свети Наум па сè до селото Радожда на спротивниот брег, по водата се протега невидлива гранична меѓа, којашто езерото го дели на два дела. Две третини од неговата површина и припаѓаат на Република Македонија, а една третина на Република Албанија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км. од езерскиот брег.

Средната длабочина на езерото е 151м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег. Најголемиот број извори се подземни притоци од соседното Преспанско Езеро, кое се наоѓа на поголема надморска височина, а исто така е создадено со тектонско поместување на почвата. Најпознати извори се охридските Студенчишта или пак уште попознати како Билјанини извори, кои се наоѓаат во непосредна близина на градот. Силни извори има околу манастирот Свети Наум (29 км јужно од Охрид). Овие извори излегуваат од варовитите спили во подножјето на планината Галичица. Најпрвин водата се собира во едно живописно езерце, кое во текот на своето постоење формирало и две мали живописни островчиња. Кристално бистрата вода од езерцето преку една куса и брза рекичка се влева во Охридското Езеро. Кај Струга (14 км од Охрид) водата на Охридското Езеро истекува низ реката Црн Дрим, која, во Албанија, се влева во Јадранското Море. Од најстари времиња бреговите на Охридското Езеро биле густо населени. Во текот на подоцнежните векови, покрај многубројните помали, главно рибарски села, израснале и три големи населби: Охрид и Струга на македонската, и Поградец на албанската територија.
Големото количество на вода во езерото, влијае врз климата во овој простор, а северниот и јужниот ветер условуваат движење на езерската вода и појава на бранови високи до 2 м. Заради севкупната убавина на езерото, бројните заливи, полуострови, убавината на околните планини кои стрмо се издигаат над езерото, постоењето на преку 140 видови ендемични животни и др., Охридското Езеро е внесено во листата на природните реткости на УНЕСКО. Споменатите одлики, но и бројните археолошки локалитети, 365 цркви и манастири во областа, се причина Охридското Езеро годишно да го посетуваат стотици илјади домашни и странски туристи.