крушево - највисокиот град на балканот
Kruševo from Explore Macedonia on Vimeo.
Во пазувите на Бушева планина, заобиколен со густа шума, на надморска височина од 1250 метри, се наоѓа еден од најстарите и најубавите градови во Македонија, Крушево. За градската историја и култура и денес сведочат типичната архитектура на градот, градбата на старите куќи, носиите и културното наследство. Се верува дека градот датира од далечниот XV век, со првите влашки доселеници од Москополе.
Уште поодамна еден познат патеписец рекол: „Оној што еднаш ќе го посети Крушево, бездруго ќе посака пак да престојува во него“. И навистина, Крушево со сите свои убавини, е град што пленува. Тој се смета за највискоиот град на Балканот. Езерото покрај Крушево уште повеќе го збогатува неговиот и онака богат амбиент.

Овде уште може да се чекори по тесни улички поплочени со камен и калдрма, поминувајќи покрај сините фасади на градските куќи, во кои вештите домаќинки уште плетат и везат пердиња, чаршави и украсни прекривки, кои се составен дел од традицијата и обичаите на ова уникатно гратче. Градот е познат по локумот.
Старите крушевски куќи се вистински уметнички дела, кои се правени кон крајот на 18 век и во текот на 19 век. Тие се градени во духот на традицијата, при што се водело сметка за климатските услови, конфигурацијата на земјиштето, функционалноста и естетскиот изглед. Нивната внатрешност претставува комбинација на убавото и практичното, а особено место зазема вградената покуќнина која била исклучиво функционална и практична, изведена во дрво, давајќи му особена топлина на просторот
Сонцето го грее Крушево околу 2300 часа годишно, со просечна температура од 22.50С. Преку зима температурата е околу -30С и паѓа снег просечно 43 дена во годината, со височина на снежната покривка до 150 сантиметри, кој се задржува и до доцна пролет. Во текот на зимата, Крушево наликува на гратче од некоја бајка. Овој град покрај другото, претставува и воздушна бања, како и мошне познат зимски спортски центар во кој се одржуваат повеќе спортски скијачки натпревари. Посебна атракција претставува скијачката патека за ноќен слалом, додека пак жичарницата и ски-лифтот го прават скијањето поубаво и попријатно

Превземно од:Ајде на одмор