кањон матка
Комплексот на езерото Матка се наоѓа на приближно 15 километри западно од центарот на Скопје. Покрај индивидуално, до езерото може да се стигне и со јавен градски превоз. Во оваа убавина ќе ја видите и малечката црква од 14 век - Св. Андреа, а во нејзина близина се наоѓа и ресторан со вкусна македонска храна. Крстарејќи по реката Треска со мало бродче, се стигнува и до пештерата Врело, една од најдлабоките пештери во Европа.
Подеднакво интересен простор и за вљубениците во културата, и за оние кои сакаат природа, за авантуристи или обчини луѓе, нудејќи повеќе одколку што можете да видите за еден ден... мистериозно место со сеуште неоткриени длабочини и тајни... вертикални карпи прикривајќи бројни пештери, спелеолошки и алпинистички планински центар, антички храмови и средновековни цркви и манастири, прекрасна природа, 200 видови на ретки пеперутки, околу 1000 растителни видови, од кои 20% ендемски или многу ретки, смарагдно зелена вода...
Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, кое било создадено со преградување на реката Треска со брана и создавање на вештачка акумулација, која била изградена во 1938 година. Водата од езерото се користи за добивање на електрична енергија, но и за наводнување на селата во околината.

Во Матка има и десетина пештери, со различна големина и старост, со должина од 20 до 176 метри и две пропасти со длабочина до 35 метри. Во основа, пештерите се делат на стари, зрели и млади. Пештерите кои се во фаза на младост, значи дека се сѐ уште активни и создаваат пештерски украси. На околу 500 метри погоре се наоѓаат пештерите кои се во фаза на зрелост, кои се суви, не сѐ уште имаат видливи украси. На околу 1000 метри понатаму се наоѓаат старите пештери кои се во фаза на распаѓање, а датираат пред 3 милијарди години, кога ова подрачје било езеро. Со повлекувањето на езерото се создавале процепи и илјадници години се формирале пештерите.
Матка е препознатлива по пештерата Врело една од петте најдлабоките подводни пештери во светот. Подводната пештера Врело е лоцирана во кањонот Матка од десната страна на реката Треска. Таа е составена од две пештери една над и една под водата. На таванот е вистински „дожд“ од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови.
Во пештерата има и т.н. „концертна сала“, од чија лева страна се таканаречените „пишани камења“. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување треба стручна помош.

Природниот колорит на кањонот Матка е привлечен за секој човек, но особено е примамлив за планинарите и алпинистите, поради неограничените можности кои ги нуди природата. Матката, меѓу другото е и срцето на алпинизмот во Македонија. Омилено собиралиште на излетниците и посетителите е местото кај манастирот св. Андреј, каде се наоѓа планинарски дом и ресторанот на спелеолошкото друштво „Пеони“. Алпинистите се искачуваат главно на 5 локалитети: Централа, Отмарова Капа, Карпа кај домот, Маткино Трло и Иглите на Матка. Покрај останатите содржини кои се нудат, тука е и Кајак центарот, каде што е одржано Првото светско првенство во кајак на диви води во 1975 г. и Европското првенство во 2004 г