винарија тиквеш
Уште од времињата на Римската Империја е запишано дека во Македонија се создава традицијата на производство на чудесно моќните вина со мирис на југот, вкусот на песната и насмевките на Македонците. А, Винарската визба „Тиквеш“ е еден од најзначајните творци на таа традиција. Овде, повеќе од 125 години, небото, земјата, сонцето и лозјата од југот на Европа, секој со свој удел во создавањето, стануваат дел од приказната за вината на „Тиквеш“. Во винарницата „Тиквеш“ се создава и созрева врвното вино од Македонија... уште од 1885 година.
Винарската визба „Тиквеш“ нуди целосно уживање за оние кои сакаат да се нурнат во убавините на светот на виното прикажани преку историјата на визбата и прошетка низ винскиот подрум, и да го почувствуваат духот и карактерот на поднебјето со дегустација на врвните вина на „Тиквеш“.
Секој добронамерник и љубител на вино го покануваме на фасцинантно патување низ ходниците на винскиот подрум дополнето со примамливи комбинации на храна и вино. Во атрактивниот автентичен ресторан, заедно со врвните вина на винарската визба „Тиквеш“ може да се вкусат специјалитети од традиционалната македонска кујна, како и неверојатни интернационални специјалитети.
Се нудат разновидни вински тури и опции за дегустација, со цел гостите кои го посетуваат винскиот подрум да заминат со неповторливи впечатоци. Винарската визба е отворена за посети од понеделник до сабота, од 10:00-18:00 часот.