винарија бовин
Винаријата Бовин е основана во 1998 година од браќата Кирил и Ѓорѓи Богевски и е првата приватна винарија во Македонија. Започнувајќи со скромен капацитет од 120.000 литри, на исклучиво квалитетно вино, во 1999-та година своето прво вино го продаваат за цена шест пати поголема од онаа на Т’га за југ, водечкото вино во
тоа време. Од таму почнува приказната на производство на квалитетно флаширано вино, која ја следеа речиси сите приватни винариии во Земјава. Денес оваа винарија располага со капацитет од милион литри, а производството е еднакво на капацитетот.
Бовин во моментов поседува околу 60 хектари, а останатото потребно грозје го купуваат од проверени кооперанти со кои соработуваат години наназад.
Погледнувајќи наназад, Бовин одигра огромна улога во трансформацијата на македонскиот вински пазар и во поместувањето на фокусот од квантитет кон квалитет. Тие беа првите кои почнаа да прават квалитетни вина и продолжуваат да го прават тоа и денес. Нивниот успех, без сомнение, инспирираше многумина да основаат свои винарии. Ако Кирил Богевски го прашате за клучот на неговиот успех, скромниот одговор од него е - судбина! „Родени сме во винската визба на кралот“, вели Кирил (браќата се родени во кралската визбата во Демир Капија, во винаријата Еленов).
Винаријата Бовин е одамна спремна за винскиот туризам со својата соба за дегустација, а при крај е изградбата на ресторанот и неколку апартмани, кои имаат поглед врз нивниот базен и блиските лозја.
Бовин извезува вино на пет континенти, и се многу горди на својот извоз во земјите од стариот свет, Франција и Шпанија. Интересно е да се спомене дека нивното вино Александар е едно од вината избрани да се служат за венчавката на крунскиот принц Вилхем од Холандија, на втори февруари 2002-та година.
Бовин во моментов нуди дури 34 различни вина, од кои 22 се едносортни, а останатите се блендови од различни сорти. Во својата гама на производи нудат и три вида на ракии, како и шери бренди.