Пелистерски очи – солзите на заљубените сестри на планината Баба
Две езера како две очи, чисти и бистри, полни тајни лежат на преубавиот Пелистер, едното велат Големо и во него се огледуваат снежните венци на Баба, а другото Мало Езеро, од кое жедните диви коњи пијат студена вода чиста како солза, да се чудиш, да гледаш со часови и пак да не знаеш кое е поубаво...
Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 метри, долго е 233 метри, а широко 162. Неговата длабочина достигнува 14,5 метри. Надморската височина на Малото Езеро е 2.180 метри, долго е 79, а широко 162, исто како и Големото. Но, длабочината на Малото Езеро е помала и таа изнесува 2,6 метри.

За настанувањето на овие две мали чуда на природата во Македонија народот раскажува тажна приказна, дека езерата биле исплакани од две сестри кои биле заљубени во прекрасното момче Пелистер. Но, за да не биде повредена едната ќерка, нивната мајка не дозволила ни едната ни другата да се омажат за Пелистер. За да го преболат ги испратила во планина, и ги преколнала да бидат блиску една до друга, но да не можат да се видат.
Талкајќи низ шумата, едната сестра дошла до местото каде што сега се наоѓа Големото, а другата кај Малото Езеро. И двете скршени од болка за невозвратната љубов, почнале да леат солзи. Несреќните девојки пролеале толку многу солзи што од нив се создале двете прекрасни езера, денеска познати како Пелистерски очи.

Овие две како солза чисти езера се предизвик за многу планинари и вљубеници во природата бидејќи до нив се стига или пешки или со џипови, но низ прекрасната планинска идила на националниот парк „Пелистер“, најмалиот, но најстариот и најживописниот во Македонија, познат по уникатното дрво „молика“.
Овие две мали планински езера се вистинско место за да се побегне од секојдневниот живот на грижи и барем на кратко да се ужива во неодоливите дарови од природата пропатено со планинска авантура.
Овие две мали планински езера се вистинско место за да се побегне од секојдневниот живот на грижи и барем на кратко да се ужива во неодоливите дарови од природата пропатено со планинска авантура.